672 прекршоци за неносење маски се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со вирусот ковид-19.