РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за институциите
Премиерот порача дека реформскиот процес бара континуирана работа, транспарентност и јасна стратегија за долгорочни резултати.
Владата денеска одржа работна средба посветена на реформската агенда, при што премиерот Христијан Мицкоски најави конкретни чекори за јакнење на институциите, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Мицкоски преку објава на Фејсбук порача дека реформите не се формалност, туку обврска што бара постојана работа и партнерски пристап.
„Тоа е пат кој бара јасна стратегија и посветеност кон долгорочни цели. Остануваме фокусирани на спроведување практични и одржливи политики што носат вистински резултати“, напиша премиерот.
Од Владата најавуваат дека реформската агенда ќе остане меѓу врвните приоритети во наредниот период.