🎥 РЕДОВНОТО ПУШЕЊЕ МАРИХУАНА НОСИ ИСТ РИЗИК КАКО ХИПЕРТЕНЗИЈАТА И ХОЛЕСТЕРОЛОТ Кардиолог предупредува дека пушењето џоинт можеби не е толку безбедно како што мислите
Додека луѓето почнуваат да ги откриваат несаканите ефекти од редовната употреба на канабис, кардиологот Џереми Лондон ја сподели загрижувачката вистина за пушењето марихуана.
Иако марихуаната долго време се смета за една од побезбедните дроги во светот, со оглед на нејзината легалност во многу американски држави и нејзиниот статус на класа Б во Велика Британија, прекумерната употреба може потенцијално да доведе до некои сериозни здравствени проблеми.
Осигурувањето дека канабисот што сте го набавиле е безбеден, е можеби првиот чекор што треба да го направите, особено откако 25-годишник почина во САД од пушење џоинт за кој мислел дека е марихуана, а всушност бил преполн со фентанил (синтетички опиоид).
Како и кај секоја друга дрога, кај марихуаната станува збор за разбирање на вашите граници и осигурување дека нема да станете зависни, бидејќи во последните месеци видовме извештаи за нови несакани ефекти на „scromiting“ (од зборовите screeming што значи врискање и vomiting што значи повраќање).
Неговата официјална терминологија е „синдром на хиперемеза на канабис“ (CHS), а може да доведе и до ужасна болка во стомакот и може да влијае на редовните пушачи на канабис повеќе пати годишно.
Редовното пушење канабис во минатото се поврзуваше и со когнитивен пад, па затоа е лесно да се види зошто луѓето би сакале да избегнат зависност, но сепак е најкористената и најраспространета нелегална дрога ширум светот, пишува LadBible.
А сега, кардиолог од САД посочи дека може да има опасно влијание врз здравјето на срцето, како и очигледните ризици за белите дробови што може да ги донесе пушењето.
Зборувајќи во краток спот на YouTube, д-р Џереми Лондон вели: Да се согласиме сите за едно нешто, а тоа е дека белите дробови имаат една едноставна функција, а тоа е да внесуваат воздух во и надвор од вашите бели дробови. Сè друго е потенцијално штетно. И постојано слушам дека марихуаната мора да е безбедна затоа што е природна. Но, еве ја вистината.
– Редовното пушење марихуана го зголемува ризикот од коронарна болест и акутен срцев удар за 1,3 до два пати во однос на оние кои не пушат редовно марихуана. Тоа е ист зголемен ризик како и високиот крвен притисок или зголемениот холестерол.
Со оглед на тоа што докторот и самиот доживеал срцев удар, претходно споделувајќи ги грешките што ги направил кога станува збор за идентификување на истиот, мора да верувате дека неговото искуство и знаење се веродостојни.
– Досега, со години имам оперирано повеќе пациенти кои редовно пушат марихуана и можам да ви кажам дека нивните бели дробови се целосно поцрнети. Изгледа како да работеле во рудник за јаглен и имаат толку сериозни блокади што морам да направам бајпас операција.
И ова се луѓе кои никогаш во животот не пушеле цигари и сите го велат истото: Мислев дека е безбедно! Она што е важно за мене е да го знаете инхерентниот ризик.
Секако, постојат ризици кога земате каква било дрога, а ова може само да ве одврати од супстанцијата за која претходно мислевте дека е безбедна.