РЕДОВНА ИНСПЕКЦИЈА ВО „КАМ“ Некои маркети се затворени поради попис и инспекциски надзор
Од компанијата велат дека во текот на денот очекуваат КАМ маркетите да продолжат со редовното работење.
Компанијата „КАМ“ соопшти дека во моментот се врши инспекциски надзор во нејзините маркети.
„Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности“, се наведува во соопштението од „КАМ“.
Оттаму додаваат дека во текот на денот, очекуваат КАМ маркетите да продолжат со редовното работење.