Редок вид на политичко самоубиство
Во 5 години си успеал да ја уништиш сопствената партија во историски поволна ситуација, после режим и со огромна меѓународна поддршка.
Да резимираме еден поразителен факт. Во 5 години си успеал да ја уништиш сопствената партија во историски поволна ситуација, после режим и со огромна меѓународна поддршка.
Да ги отуѓиш неопределените и независните, да ја нормализираш ВМРО, да го спасиш ДУИ и да си накалемиш трета опција.
На сето тоа, поради калкулантство, да се доведеш во ситуација каде во Тетово кого и да поддржиш, ќе платиш цена како Влада. Редок вид на политичко самоубиство.