Редок и загрозен вид на волци ќе пристигнат во ЗОО Скопје
Овие волци доаѓаат од зоолошките во Литванија и Германија и се редок и загрозен вид. На возраст се од околу една година и очекуваме во Скопје да пристигнат следниот месец - велат од ЗОО Скопје
За првпат, Зоолошката градина во Скопје ќе биде дом на арктички бели волци, информираат од ЗОО Скопје.
– Овие волци доаѓаат од зоолошките во Литванија и Германија и се редок и загрозен вид. На возраст се од околу една година и очекуваме во Скопје да пристигнат следниот месец. Белите волци ќе бидат втор вид на ретки бели животни во скопската зоолошка по белите лавови Чака и Бела кои веќе се омилени меѓу посетителите – се вели во постот објавен на „Фејсбук“ страната на ЗОО Скопје.