РЕДОК ГЕСТ НА БИЛИ АЈЛИШ Прекина концерт за обожавателка да добие инхалатор (ВИДЕО)
Били го забележа метежот и ги замоли сите да се повлечат и да направат простор. Луѓето потоа почнаа да бараат инхалатор бидејќи една девојка имаше проблеми со дишењето. Били го прекина концертот, вели еден очевидец.
Американската пејачка Били Ајлиш го прекина концертот во Атланта за една нејзина обожавателка да добие инхалатор за астма. Били не сакаше да го продолжи концертот во „Стејт фарм“ арената сѐ додека не се увери дека обожавателката е добро.
Konzertbesucherin in Not: Popstar Billie Eilish unterbricht Auftritt #billieeilish #atlanta #popstar #sängerin #konzert #fan #inhalator #Kam… pic.twitter.com/sbex1aMq4u
— KameraOne Deutsch (@kameraone_deu) February 8, 2022
Настанот од концертот за медиумите го раскажала девојка која била на концертот…
– Били го забележа метежот и ги замоли сите да се повлечат и да направат простор. Луѓето потоа почнаа да бараат инхалатор бидејќи една девојка имаше проблеми со дишењето. Били го прекина концертот, сведочи очевидецот.
На видео од концертот се гледа како пејачката бара од својот тим инхалатор.
– Во ред е, имаме еден. Луѓе, дајте ѝ простор и не правете врева. Опуштете се, сѐ е в ред – вели Били.
На крајот сѐ се завршило добро.