Редизајнирана зелена површина во Карпош
Во едниот дел од скверот е оформено детско катче со различни реквизити за игра, а во другиот дел се формирани патеки, поставени се клупи и маси, чешмичка за вода, паркинг за велосипеди и ново осветлување.
На аголот помеѓу булеварот Илинден и улицата Никола Тесла, до гимназијата „Орце Николов“, редизајнирана е зелената површина и целосно е уреден првиот сквер согласно со потребите на граѓаните за одмор, релаксација и дружење, информира Град Скопје.
Целиот простор е облагороден со различни видови листопадни и зимзелени садници. Во едниот дел од скверот е оформено детско катче со различни реквизити за игра, а во другиот дел се формирани патеки, поставени се клупи и маси, чешмичка за вода, паркинг за велосипеди и ново осветлување.
Покрај редизајнот на зелената површина на оваа локација годинава во тек е редизајн на уште 3 од овие локации, една кај поликлиниката „Идадија“ во општина Центар и две на булеварот Јане Сандански во Аеродром.