РЕДИЦИТЕ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ ДУША ДАЛЕ ЗА КОРУМПИРАЊЕ! Чулев предупредува на „нус-ефектите“ од хаосот при вадењето нови документи

Тој вели дека е неопходно МВР да обезбеди соодветни услови, каде граѓаните ќе можат, во законски предвидениот рок и на достоинствен начин да го извадат личниот документ – пишува Чулев.

566

МВР нема капацитет да ги направи и да ги дистрибуира новите пасоши и лични карти во законскиот рок, иако граѓаните скапо плаќаат за нив и со часови чекаат да дојдат на ред – обвини поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Лошото и катастрофално менаџирање на Министерството за внатрешни работи, повторно паѓа на грбот на граѓаните. Промената на важечките лични документи за таа намена, не само што е причина за дополнителни високи трошоци, туку тоа предизвикува и сериозен револт, малтретирање и нервоза, а остава сериозен простор за корупција“ – напиша Чулев на својот профил на Фејсбук.






По којзнае кој пат, во последните шест години, нефункционалните идеи на Оливер Спасовски, наместо да обезбедат нормални и пристојни услови, создаваат хаос во чии рамки граѓаните се принудени да трпат метежи и по студено и дождливо време да чекаат со часови во редица за да го добијат својот личен документ. Да не заборавиме дека голем дел од тие граѓани, се возрасни, со нарушено здравје и со попречности, а има и мајки со мали деца“ – пишува Чулев.

Тој вели дека е неопходно МВР да обезбеди соодветни услови, каде граѓаните ќе можат, во законски предвидениот рок и на достоинствен начин да го извадат личниот документ за кои плаќаат високи цени и со тоа да си ги остварат своите законски права.

Поврзани содржини