📷 РЕДИЦИ ЗА СЛИКАЊЕ ПРЕД ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА „ПРОЛЕТ“, СЕ ЧЕКА СО ЧАСОВИ Отворен пунктот на МВР за вадење лични документи без закажување
Пунктот е наменет за сите граѓани кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак терминот им е после 12 февруари наредната година.
Долга редица луѓе чекаат за сликање пред пунктот за промена на лични докумети без закажување што официјално почнува со работа од денеска во просториите на Полициската станица „Пролет“ во Општина Кисела Вода.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со раководството на МВР денеска ќе го посети пунктот.
Пунктот е наменет за сите граѓани кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак терминот им е после 12 февруари наредната година.
Според првичните информации, почнале да работат само со три кабини, но откако пред пункотот се направи гужва, службениците ги отвориле сите 12 кабини за сликање. Најупорните чекаа и по три часа за да стасаат на ред.
Пунктот ќе работи секој работен ден од 8 до 18 часот. Сите оние кои не успеале да добијат термин за промена на личните документи ќе можат таму да се фотографираат. Потребна им е само банкарска картичка и да ги пополнат потребните формулари кои можат да ги земат на пункт.