РЕДАКЦИИТЕ НА РЕПУБЛИКА, НЕТПРЕС И НА КУРИР БИЛЕ ШПИОНСКИ ОБРАБОТУВАНИ ОД ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА Новинарите, уредниците и директорите биле физички следени
Според информациите до кои дојдовме неофицијално, новинарите, уредниците, директорите, и останатите вработени во НетПрес, Курир и во Република биле физички следени од припадниците на АНБ и тоа одреден временски период, но засега не е точно утврдено колку тоа траело, објави НетПрес.
Аферата со прислушување добива сè поголем замав. Според информациите до кои дојде НетПрес, велат дека таргет за обработка на тајната полиција – АНБ биле новинарските редакции на НетПрес, Курир и на Република.
Досиеја за редакциите на НетПрес, Курир и на Република биле оформени во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а истовремено фирмите на овие три информативни портали биле под интензивна шпионска истрага на Финансиското разузнување.
Засега нема информација за координација меѓу тајната полиција – АНБ и Финансиското разузнавање во врска со шпионската обработка на редакциите на трите онлајн медиуми и на нивното деловно работење. Исто така не е јасно ниту дали двете шпионски институции одделно си терале работа со новинарските редакции и со фирмите издавачи на НетПрес, Курир и на Република.
„Според информациите до кои дојдовме неофицијално, новинарите, уредниците, директорите, и останатите вработени во НетПрес, Курир и во Република биле физички следени од припадниците на АНБ и тоа одреден временски период, но засега не е точно утврдено колку тоа траело. Операцијата за шпионирање на редакциите на НетПрес, Курир и на Република, според првичните сознанија од истрагата, ја водела одбрана група од десетина припадници на тајната полиција – АНБ, додека во периодот во кој се одвивала таму директорувал Виктор Димовски, разузнувачки кадар на СДСМ. Исто така, нашите извори велат оти во целата работа голема улога одиграл и Јовче Ременски, поранешен висок раководител во тајната полиција – АНБ, и сопруг на некогашниот висок финкционер на СДСМ, Фросина Ременски, која политички ‘изгоре’ во аферата ‘Рекет’ тешка неколку милиони изрекетирани евра“, пишува порталот НетПрес.
Целта на тајната полиција – АНБ била откривање на непријателски елементи во Македонија. Поточно во случајов како непријателски елементи за Македонија разузнавачите, поточно шпионските кадри на СДСМ си ги таргетирале новинарските редакции на НетПрес, на Курир и на Република. Главна цел на овие три онлајн медиуми, според тајната полиција – АНБ, била уривање на тогашната власт, креирање на јавно мислење против евроинтеграциите на Македонија, како и против т.н. Француски предлог, во спорот со Бугарија.