Ред и строгост – да, полициски час и затворање бизниси – не!

Само ведриот дух може да нѐ одржи. Ако него го изгубиме, сме потпишале капитулација.

1,460

Дека треба да има мерки за маска и дистанца – треба.

Дека треба да има строги казни – треба.






Дека треба да има зголемен број на автобуси на ЈСП – треба.

Дека треба да има повеќе редари и инспектори – треба.

Дека треба да се префрлат на работа од дома сите на кои што работата тоа им го дозволува – треба.

Дека треба да се воведе полициски час – не.

Дека треба да се затвораат одредени дејности и бизниси како превенција од корона – не.

Дека треба да се обидеме да го одржиме животот нормален колку е тоа можно – треба.

Дека треба да ја прифатиме реалноста таква каква што е без многу паничење – треба.

Дека треба да го одржиме ведриот дух и да продолжиме да се зезаме, па макар и на сметка на несреќата која нѐ снајде – треба.

Само ведриот дух може да нѐ одржи. Ако него го изгубиме, сме потпишале капитулација.

 

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини