Речиси секоја европска земја и помага на економијата, но милијардите тешко ќе ги санираат штетите

Недостатокот на производство ќе ја чини милијарди секоја земја поединечно, но за таа цел се превземени цврсти мерки, истакна шефот на „Ифо“, Клименс Фуест.

427

Германскиот институт „Ифо“ проценува дека сегашната криза во поврзана со пандемијата од коронавирусот, европските земји ќе ги чини стотици милијарди евра.

Речиси секоја земја во Европа веќе има усвоено мултимилионски пакет економска помош, но овие мерки нема да можат да ги санираат штетите кои економијата ги трпи како резултат на мерките за борба против ширењето на вирусот.






Недостатокот на производство ќе ја чини милијарди секоја земја поединечно, но за таа цел се превземени цврсти мерки, истакна шефот на „Ифо“, Клименс Фуест.

– Покрај медицински и економски причини, тие се за поддршка на масовните инвестиции во здравствената заштита. Ова е единствениот начин како да се задуши епидемијата, а во исто време потоа можеме постепено да ги отвориме продавниците и училиштата – рече тој во студијата поврзана со штетите.

Тој потенцира дека компаниите треба да бидат подготвени да се вратат брзо, па е потребно итно да ги преземат мерките кои се поврзуваат со обновувањето на производството со сузбивањето на епидемијата. Доколку компаниите се затворат повеќе од еден месец, загубите, според Фуест, многу брзо би достигнале димензии надвор од економскиот пад на претходните рецесии, природните непогоди во историјата на ЕУ.

Што се однесува до Германија, номиналните трошоци за затворање на двата месеци ќе бидат меѓу 255 и 495 милијарди евра. Со секоја измината недела, штетата се зголемува за 25 до 57 милијарди евра. Кога станува збор за Австрија, затворањето на компаниите за два месеци ќе чини од 34 до 57 милијарди евра, а секоја наредна недела ќе чини уште 3 до 7 милијарди евра.

Италија, која е најпогодена од коронарниот вирус, доколку ја затвори економијата за два месеци, ќе ја чини помеѓу 143 и 234 милијарди евра, со дополнителни од 14 до 27 милијарди евра за секоја недела. Шпанија оваа криза, доколку економијата се стопира за два месеци, ќе ја чини од 101 до 171 милијарди евра, а други од  10 до 20 милијарди евра за секоја наредна недела.

Што се однесува до Франција, двомесечното затворање земјата ќе ја чини од 176 до 298 милијарди евра, и од 18 до 35 милијарди евра за секоја наредна недела. Велика Британија би претрпела штета од двомесечното исклучување на економијата во износ од 193 до 328 милијарди евра, а секоја наредна недела би ја чинела од 19 до 38 милијарди евра.

За споредба, доколку швајцарската економија се стопира на два месеци, земјата ќе ја чини помеѓу 49 и 81 милијарди евра, а секоја наредна недала помеѓу 5 и 10 милијарди евра секоја недела.

Поврзани содржини