РЕЧИСИ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА КАЗНА ЗА ГЕРМАНСКИОТ АС АДЕЈЕМИ „Ја нарачав мистериозната кутија преку интернет“

Притоа, Адејеми побара разбирање од јавноста и порача дека ќе прифати сè што произлегува од неговата постапка. Германската фудбалска федерација засега не најави санкции, но локалните медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд размислува за внатрешна дисциплинска мерка.

0

Карим Адејеми, германскиот репрезентативец и играч на Борусија Дортмунд, денеска јавно се извини откако беше осуден за обид за нелегално поседување оружје. Случајот започнал кога тој на почетокот на минатата година преку интернет нарачал „мистериозна кутија“, која содржела предмети забранети според германскиот закон за оружје. Пакетот бил пресретнат и завршил во полициска станица.

Меѓу пронајдените предмети имало два месингани боксирачи и електричен тејзер, за кои е потребна специјална дозвола. Обвинителството го казнило 23-годишниот фудбалер со 450.000 евра, што е износ што судот го сметал за соодветен на неговата месечна заработка.






Меѓутоа, уште поголем одек предизвика извинувањето што Адејеми го објави на социјалните мрежи.

„Веројатно ги видовте насловите за мене во последните неколку денови. Не ми е лесно да зборувам за ова. На почетокот на 2024 година, од невнимание и без сериозно размислување, ја нарачав преку интернет таканаречена ‘мистериозна кутија’. Содржеше предмети што не се дозволени според законот за оружје. Тоа беше голема грешка од моја страна. Длабоко жалам и свесен сум дека сум пример за младите“, напиша фудбалерот.

Притоа, Адејеми побара разбирање од јавноста и порача дека ќе прифати сè што произлегува од неговата постапка. Германската фудбалска федерација засега не најави санкции, но локалните медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд размислува за внатрешна дисциплинска мерка.

Според спортскиот портал „Кикер“, клубот очекува играчот „да ја врати довербата преку спортски настапи и одговорно однесување“. Сепак, јавноста е поделена – дел ја прифаќа искреноста на младиот играч, додека други го критикуваат што не сфатил дека дури и „невините експерименти на интернет“ можат да имаат сериозни последици.

Поврзани содржини