РЕЧИСИ 1000 ВОЗАЧИ КАЗНЕТИ ВЧЕРА Се вози пребрзо и во град и во село

Од нив 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

196

Во текот на вчерашниот ден (10.07.2022) Министерството за внатрешни работи казни 992 возачи. во засилената акциска контрола на територијата на целата земја.

Од нив 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 443 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 549 надвор од населено место.






Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – велат од МВР.

Поврзани содржини