Речиси 1.450 пациенти се лекуваат во ковид центрите, расте бројот на хоспитализации
Вкупно 613 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
Во ковид центрите во болниците низ земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 81 нов пациент. Вкупно 613 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 69 пациенти, во Кочани 21 во Кичево 23, Кавадарци 75, а во Гевгелија 27 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.448 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 81 нов пациент.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники и хируршки клиники имало 46 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало седум нови приеми на пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени четири нови пациенти и пет деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 55 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 295 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 лица. На Клиниката за Детски болести има 20 пациент позитивен на ковид 19 вирусот и седум на ГАК.
Вкупно 613 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.