РЕЦЕПТ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ: 3 ПАТИ НА ДЕН ПО 2 КОЛАЧИ Нови „функционални“ колачи на македонскиот пазар

Од компанијата „Жито Пром“ на денешната промоција на нивниот нов производ, линија на функционални, односно, здрави колачи, „препишаа“ да се консумираат 1 до 2 пакетчиња на ден

1,133

Новата линија производи на компанијата „Жито Пром“ – Гевгелија која беше претставена денес во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) содржи седум видови колачи кои, како што велат од компанијата, позитивно влијаат врз метаболизмот, како и врз целокупното здравје на луѓето.

Станува збор за проектот „Линија функционални колачи 4У“ реализиран во соработка со ФИТР. Колачите се збогатени со витамини, минерали, пребиотици, растителни влакна и други супстанции кои ги зголемуваат здравствените придобивки, како активен јаглен, колаген и јаткасти плодови.






Станува збор за т.н. функционална храна, нов тренд во прехранбената индустрија, чија цел е грижа за здравјето на потрошувачите.

Повеќе за ова на порталот АРТ КУЈНА.

Поврзани содржини