Овој лесен рецепт за домашен леб кој навистина посебно изгледа има повеќе од 3 милиони прегледи.
Состојките се лесно достапни, приготвувањето е едноставно, а резултатот е ефектен и вкусен.
Состојки за тестото:
– 200 гр брашно
– 1 јајце
– 20 гр шеќер
– 4 гр инстант квасец
– 3 гр сол
– 80 мл топло млеко
– 30 гр путер
Состојки за премачкувањето:
– 3 чешниња лук
– 1 лажичка мајонез
– 1 лажичка шеќер
– млад кромид
– 13 гр путер
– 140 гр кашкавал
Подготовка:
Состојките за тестото измешајте ги и оставете го да нарасне, а потоа формирајте округол леб налик на тесто за пица, но подебел.
Вклучете ја рерната на 180 степени.
Истолчете го лукот, измешајте го со мајонезот, шеќерот, путерот и ситно исечканиот млад кромид.
Направете коцки со нож на површината на тестото, премачкајте ги со мешавината и помеѓу коцките вметнете го изренданиот кашкавал.
Печете околу 15 минути додека не се запече убаво и додека кашкавалот не се стопи.
Foto: Youtube/ 매일맛나 delicious day