РЕЦЕПТ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ План до кој мора да се држите два дена
Црниот дроб е полн со канали кои ја спроведуваат жолчката во поголем канал (колективен жолчен канал). Жолчното ќесе е како резервоар за складирање, а кај многу луѓе жолчните канали во црниот дроб и жолчното ќесе се полни со камења. Што помага? Чистење!
Црниот дроб е најголемата жлезда во телото и исклучително важен орган кој има бројни функции, од кои најважна е помагањето во процесирањето на хранливите материи од храната и пијалаците и филтрирањето на штетните материи од крвта. Затоа се нарекува и централна лабораторија на организмот и нормално е понекогаш во неа да се таложи малку маснотии (триглицериди). Но, ако премногу масти се наталожат во црниот дроб, тоа може да стане сериозен здравствен проблем. Освен тоа, црниот дроб е полн со канали кои ја спроведуваат жолчката во поголем канал (колективен жолчен канал). Жолчното ќесе е како резервоар за складирање, а кај многу луѓе жолчните канали во црниот дроб и жолчното кесе се полни со камења. Што помага? Чистење!
Ова е план за чистење на црниот дроб:
– 4 дена претходно изедете 2 јаболка.
– За чистење на црниот дроб изберете два слободни дена, на денот на чистењето на црниот дроб не земајте никакви лекови, витамини и капсули без кои инаку можете.
– Времето е исклучително важно. Не смеете да доцните ниту да подраните повеќе од 10-15 минути!
Потребни состојки:
– горчлива сол – 4 големи лажици (50 г)
– маслиново масло – 1/2 чаша (1,5 дл), посветло (полесно е за пиење)
– свеж црвен грејпфрут – еден голем или два мали, само исцедете 2/3, 3/4 шолји (2 дл)
План за чистење:
Утро – Изедете појадок со малку маснотии: овошје, житарки. Немојте да јадете ништо мрсно: масло, путер, сирење, павлака или млеко.
Пладне – Изедете ручек со малку маснотии: зеленчук (со сол, но без масло), леб, овошје. Како и со појадокот, не јадете ништо мрсно. Пијте вода, бидејќи после 14 часа не смеете да пиете ништо.
14 часа – Не јадете и не пијте ништо по 14 часот. Ако го прекршите ова правило, подоцна може да се чувствувате лошо.
По 14 часа – Измешајте 4 лажици горчлива сол со 6 дл вода. Поделете го на четири дела. Горчливата сол можете да ја ставите во фрижидер за да можете полесно да ја испиете.
16 до 20 часот – Испијте 3/4 чаша горчлива сол. Потоа можете да ја исплакнете устата или да испиете неколку голтки вода. Ставете ги маслиновото масло и грејпфрутот на масата за да се загреат на собна температура.
20 до 20:20 часот – Испијте уште една доза горчлива сол – 3/4 мала шолја.
21:30 – Завршете ги сите активности и подгответе се за спиење.
21:45 – Подгответе смеса за чистење на црниот дроб:
Со рака исцедете го грејпфрутот. Отстранете ја пулпата и коските со вилушка. Треба да добиете најмалку 1/2 шолјичка сок – најдобро е до 3/4 од шолјата. Ако немате доволно грејпфрут, можете да додадете сок од лимон.
Истурете половина шолјичка маслиново масло во сад со капак. Додадете го сокот од грејпфрут.
Затворете го садот цврсто и протресете додека смесата не стане воденеста (само свеж грејпфрут ќе го направи тоа)
Доколку е потребно, посетете ја бањата еднаш или повеќепати, дури и ако задоцните на вашиот пијалак во 22 часот. Не доцнете повеќе од 15 минути.
22 – 22:20 – Сега треба да го испиете напитокот што сте го подготвиле (маслиново масло и грејпфрут). Напитокот треба да го пиете стоејќи во 5 минути.
Откако ќе го испиете пијалакот, веднаш легнете. Ако не го сторите тоа, може да го спречите излегувањето на каменот. Легнете рамно на грб со крената глава на перница или на левата страна.
Обидете се да бидете мирни најмалку 20 минути. Размислете што се случува во вашиот црн дроб. Можеби ќе почувствувате како каменчето се движи низ вашите канали.
Нема да чувствувате болка, бидејќи благодарение на горчливата сол каналите се отворени.
Обидете се да заспиете. Во текот на ноќта, лежете колку што е можно повеќе на левата страна. Не станувајте од креветот.
Утрото по 6 часот – Откако ќе станете, испијте ја третата доза горчлива сол. Ако чувствувате мачнина, почекајте да помине и потоа испијте ја горчливата сол. Вратете се во кревет.
Два часа подоцна – испијте ја последната доза горчлива сол (3/4 од шолјата) Вратете се во кревет.
Два часа подоцна – Можете да јадете. Започнете со овошен сок. Половина час подоцна, изедете некое овошје. Еден час подоцна можете да јадете лесна храна. До вечерта би требало да се чувствувате опоравено.