РЕЦЕПТ ПОСТАР ОД ЕДЕН ВЕК Супа со која педијатар спасил илјадници деца
Името Ернест Моро веројатно денес не ѝ значи многу на пошироката јавност, но лекарите го познаваат овој австриски педијатар како извонреден специјалист, чии откритија помогнале да се спасат илјадници бебиња и сѐ уште се користат во медицината.
Ернест Моро е роден во 1874 година, во Љубљана, која тогаш била дел од Австро-Унгарија. Студирал на Универзитетот во Грац, Австрија, а подоцна станал професор по педијатрија на Универзитетот во Хајделберг.
Во тоа време, педијатријата штотуку се развивала како независно поле на медицината во Европа, а стапката на смртност на доенчиња била многу висока, достигнувајќи речиси 25 проценти.
Една од главните причини зошто илјадници бебиња умирале тогаш била дијареата.
Д-р Моро успеал да најде начин да ги спаси тие бебиња, а неговиот лек бил едноставен и генијален во исто време.
Ернест Моро предложил на бебињата да им се дава супа од моркови приготвена по негов рецепт.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.
Рецептот можете да го најдете на „Арт кујна“.