Пејачката Ребека откако ја примила втората доза од вакцината „Синофарм“ прележала ковид-19. Таа преку социјалните мрежи раскажа за борбата со вирусот и истакна дека пет дена имала сериозни проблеми.
„По 15 дена чувствувам само замор. По направени анализи, се е како што треба. Малите го донесоа, претпоставуваме од училиште. Тие така речи без симптоми. Еден ден со температура и толку. Го мислев големиот батко, Маркијан. Тој немаше симптоми. Невозможно беше да го тестираме. Да пикнеш стапче во нос на дете со аутистичен спектар е невозможна мисија. Вакцинирана сум со две дози „Синофарм“, но од втората поминаа 13 дена и јас се заразив. Си одлежав седум дена, а пет беа тешки. Антибиотик не земав иако спомнаа двајца доктори. Мојов не. Ми даде „фавира“ од првиот ден, а јас скришно си земав и „ивермектин“. Од кашлање не можев да спијам, а со две мали деца дома и не мирував многу како што ми препорачаа. Маркијан со татко му беше во гарсоњерата на баба. Тато Мики е вакциниран со „Спутник“, но без симптоми, негативен. „Спутник“ испадна одлична вакцина“, раскажа Ребека.