Облечена со скафандер, маска, два пара нараквици, по некое време телото едноставно не може да функционира лесно. Станува топло под сите тие слоеви, дишењето е отежнато од маската, а наочарите цело време се замаглуваат. По одреден период едноставно не можев повеќе да фотографирам, додека покрај мене луѓето од интензивна нега, кои со часови ја носат таа облека, функционираа нормално, напиша на Фејсбук фотографката Арбнора Мемети за своето денешно искуство од посетета на Инфективната клиника во Скопје, каде ги направи фотографии кои ги објавуваме.
„И покрај несериозниот пристап на граѓаните кон ситуацијата, и покрај многуте жртви кои ја изгубија битката пред нивни очи, овие луѓе упорно продолжуваат да се борат ризикувајќи го нивниот живот за да спасат друг“, напиша Мемети на својот профил на Фејсбук.
фотографии: Арбнора Мемети, МЕТА
(преземено од ФБ)