Реалност или фикција?

Научниот пристап на решавање на овој проблем нуди важни лекции на секој кој ја сака оваа држава, да направи разлика помеѓу реалноста и фикцијата - честопати тешка задача во време кога лошото информирање за проблемот со загадувањето е присутно како и самиот проблем.

901

Загадување. Многу тежок збор на кој секој човек реагира бурно со згрозување зaшто има вкоренет страв и тоа е легитимно човеково право. Сепак, се поставува едно многу едноставно прашање – дали некој многу сака да ја дерогира самата наука и сите научно-образовни институции во Македонија од лукративни причини, а кои можат многу да им помогнат на луѓето кои работат во државните институции да носат квалитетни одлуки животниот и здравствен развој на граѓаните на Македонија.

Што е научен пристап при решавање на загадувањето на почвата, водите и на воздухот?






Научниот пристап на решавање на овој проблем нуди важни лекции на секој кој ја сака оваа држава, да направи разлика помеѓу реалноста и фикцијата – честопати тешка задача во време кога лошото информирање за проблемот со загадувањето е присутно како и самиот проблем. Сепак, науката за решавање на овој горлив проблем обезбедила литература која го заслужува своето место да привлече внимание на сите оние кои се справуваат или ја чувствуваат потребата да се сѐ поголемата дилема за соодветно справување со загадувањето.

Моментално обезбедената литература е идеална за користење на сите оние кои научиле и учат географија, урбано планирање, науки за земјата, геологијата и рударството, металуршкото (екстрактивно и преработувачко), технолошкото (прехранбено, полимери, текстил, петрохемиско итн.), хемиско, машинско, електротехничко инженерство и нормално многу вреден извор на информации за луѓето кои професионално се занимаваат со урбано планирање и локално раководење, но и за оние кои ја водат државата и мора да направат стратегија за наредните 100 години.

Впрочем што значи сето ова дека мора да се бараат оригинални решенија за кризата со загадувањето? Тие решенија мора да ја испитуваат магнитудата и сложеноста на проблемот, при што вниманието мора да биде насочено кон отпадот во воздухот, водата и почвата и негово анализирање во опасен, биохемиски и радиоактивен момент. Односно ако земеме само дел од проблемот во отпадот науката мора да има пристап до интегрирана програма за справување, која вклучува рециклажа, компостирање, локализирање и печки за комплетно уништување со спалување, кои нема да испуштаат отровни гасови.

И она што во овој момент е актуелно е аерозагадувањето. Главен проблем е игнорирањето на науката и во моменти на агонија создадена од неедуцираност добиваме паушални процени кои внесуваат паника кај граѓаните. Така е најлесно. Но има и чесни исклучоци. На пример, ако ме прашате дали го поддржувам протестот за аерозагадувањето? Апсолутно да. И во таа насока го давам следниов пример – големата магла во Лондон 1952 година. Причината е невообичаено студено време, во комбинација со антициклон и услови без ветар, акумулирајќи огромни количини загадувачи од употреба на јаглен со низок калоричен квалитет од домаќинствата. Дури во 1956 и 1968 година биле донесени закони за чист воздух да може да се контролираат емисиите за чад, песок и прашина и да се формираат зони на контрола на чад.

Овој пример за решавање на проблем е преземен од високо научно-образовна институција и е поднесен како предлог до властите дека мора да се анализира минимум 365 дена и да бидат анализирани сите годишни времиња и да се донесат акти. Властите биле и останале глуви и им оставиле простор на два типа екологисти – оние со искрени намери и кои се исплашени, ама никој не им обрнал сериозно внимание, а за кои гарантирам дека се спремни да слушаат и има спремност да бидат слушнати. И оние неедуцираните кои имаат задача да лажат народ, од следниве причини, што го проследувам со примерот со рудникот „Иловица-Штука“. Неедуцирани самопрогласени „еко активисти“ тврдат дека рудникот ќе го пеплосал земјоделието во Струмичкото поле со прашина во висина од 5 сантиметри. Значи потег Василево-Струмица-Босилово-Ново Село. Науката досега се чудеше на ваков тип „глупости“, ама конечно разбраа дека ѓаволот ја однел шегата и знаат дека оваа лага е класичен пример за ширење паника и за тоа се одговара кривично и конечно науката има намера да се одважи кон јавноста.

Ова е дел како се спречува отворањето на овој рудник и сите лаги околу него пред сѐ од лажни екологисти кои ги нареков „загадени умови“.

Слично како и кај нас каде инвестициите во нови рударски комплекси се заглавени, меѓу кои е инвестицијата во рудникот „Иловица-Штука“, давањето одобрение за изградба на рудник наидува на голем број предизвици во глобални рамки. Дел од нив се должат на негодувањата на еко-активистите, а други пак на стратешко-безбедносни надмудрувања, финансиски и политички интереси.

Не секаде е розово со рудниците. Но, на крај разумот преовладува.

Еден од рудниците кој се намачи да ја испорача првата пратка јаглен е рудникот Кaрмајкл во Квинсленд, Австралија, кој започна со работа во декември 2021 година. На неговото отворање претходеа голем број протести и политички препреки. Главните критики беа за влијанието на рудникот врз животната средина и емисиите на јаглерод.

Во 2019-тата година, еко-активистот Боб Браун предводеше дотогаш најголем конвој возила на протест против иницијативата за рудник за јаглен, а темата се покрена и на австралиските федерални избори во 2019 година. Од друга страна, голем број рудари и невработени лица бараа што поскоро рудникот да почне со работа. Тие истакнаа дека регионот треба економски да се развива, а тезите на, како што ги нарекоа, лоби групите што ги поддржуваат противниците се неосновани.

Откако и судските власти, но и извршната власт повторија дека се исполнети сите законски услови, изградбата на рудникот започна на почетокот на 2019 година, а ископувањето јаглен во комерцијален обем започна приближно три години подоцна.

Рудникот е со отворен коп на површина од 279 км2, а вкупната површина на локацијата на рудникот е околу 450 км2. Но, по отворањето повеќе никој не ги спори придобивките од рудникот и неговото позитивно економско влијание врз регионот. Само за изградбата на рудникот, компанијата ангажирала околу 2.000 вработени, согласно податоците во ноември 2020 година, а бројката пораснала на приближно 2.600 директни вработувања во јуни 2021 година. Рудникот креира и околу четири илјади индиректни вработувања.

Кај нас пак досега се познати активностите на регионалната иницијатива „Зелена котлина“, која организираше низа протести против отворањето на рудникот во Иловица. Сепак, сѐ погласни станаа експертите кои ја користат науката и макроекономските аналитичари кои врз основа на анализите гледаат потенцијални придобивки од отворањето на рудникот во југоисточниот регион на земјава.

На Македонија ѝ е исклучително важно да ја слуша науката зашто таа знае да ги слуша потребите на граѓаните и државата пред сите други интереси. Сите рудници без исклучок се одлучни да ги слушаат науката и сите позитивни законски решенија за зачувување на животната средина и привлекување инвеститори во индустријата, демографијата и земјоделието, а тоа не може без оние кои градат население: РУДНИЦИТЕ!

Поврзани содржини