РЕАЛ МАДРИД ПО 5. ПАТ ГО ОСВОИ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО Историски успех и рекорд на шпанскиот клуб

429

Реал Мадрид синоќа во Рабат го победи саудиски Ал-Хилал со 5:3 во финалето на Светското клупско првенство.

Како дел од мадридскиот тим, напаѓачот Винисиус и играчот од средниот ред Федерико Валверде забележаа по два гола, а еден гол постигна Карим Бензема.






За Ал-Хилал два пати погоди Лучијано Вието, а еднаш во листата на стрелци се запиша Муса Марега.

Шпанскиот фудбалски гигант го освои Светското клупско првенство по петти пат во својата историја, што е рекорд во натпреварувањето.

Претходно Реал до трофејот дојде во 2014, 2016, 2017 и во 2018 година.

Тренерот на „Кралевите“ Карло Анчелоти по трет пат во кариерата го освои светското клупско првенство. Тоа го направи два пати со Реал Мадрид и еднаш со Милан.

 

Поврзани содржини