РЕАЛ МАДРИД Е НАЈВРЕДЕН КЛУБ ВО ЕВРОПА Англија доминира со 9 претставници во Топ 20
Веднаш зад шпанскиот гигант се наоѓаат англиските клубови Манчестер Сити со 5,2 милијарди евра, и Манчестер Јунајтед со 5,1 милијарди евра, кои ја заокружуваат првата тројка.
Реал Мадрид е најскапиот фудбалски клуб во Европа според новата анализа на „Football Benchmark Group“, со проценета вредност од 6,3 милијарди евра.
Веднаш зад шпанскиот гигант се наоѓаат англиските клубови Манчестер Сити со 5,2 милијарди евра, и Манчестер Јунајтед со 5,1 милијарди евра, кои ја заокружуваат првата тројка.
Во топ 5 се и Барселона (4,5 милијарди) и Баерн Минхен (4,3 милијарди), додека во првите десет влегуваат и Ливерпул, Арсенал, ПСЖ, Тотенхем и Челзи.
Истражувањето открива и дека дури девет клуба од Премиер лигата се наоѓаат меѓу највредните 20, што ја потврдува доминацијата на Англија во фудбалската економија.
Најбогатите клубови во Европа:
1. Реал Мадрид (Шпанија) – проценета вредност од 6,3 милијарди евра
2. Манчестер сити (Англија) – 5,2 милијарди евра
3. Манчестер јунајтед (Англија) – 5,1 милијарди евра
4. Барселона (Шпанија) – 4,5 милијарди евра
5. Баерн Минхен (Германија) – 4,3 милијарди евра
6. Ливерпул (Англија) – 4,1 милијарди евра
7. Арсенал (Англија) – 3,9 милијарди евра
8. ПСЖ (Франција) – 3,8 милијарди евра
9. Тотенхем (Англија) – 3,6 милијарди евра
10. Челзи (Англија) – 2,9 милијарди евра
11. Борусија Дортмунд (Германија) – 2,3 милијарди евра
12. Атлетико Мадрид (Шпанија) – 1,9 милијарди евра
13. Милан (Италија) – 1,8 милијарди евра
14. Интер (Италија) – 1,7 милијарди евра
15. Јувентус (Италија) – 1,6 милијарди евра
16. Вест Хем (Англија) – 1,2 милијарди евра
17. Наполи (Италија) – 1,1 милијарди евра
18. Ајнтрахт Франкфурт (Германија) – 0,9 милијарди евра
19. Астон вила (Англија) – 0,8 милијарди евра
20. Евертон (Англија) – 0,6 милијарди евра.