РЕАЛ БАРА „ОДМАЗДА“ ПРОТИВ БЕНФИКА, ПСЖ ПРОТИВ МОНАКО Европската сцена се подготвува за епски пресметки

Возбудлива фаза од Лигата на шампионите започнува во февруари – ПСЖ и Реал Мадрид се соочуваат со силни ривали, а неочекувани дуели ги чекаат и Јувентус, Интер и Атлетико Мадрид.

801

Во седиштето на УЕФА денеска беа извлечени двојките за 1/16 финалето од Лигата на шампионите, носејќи неочекувани дуели и големи дерби средби.

Европскиот првак ПСЖ ќе се соочи со францускиот ривал Монако, додека Реал Мадрид ќе има шанса за „одмазда“ со Бенфика. Останатите интересни пресметки вклучуваат дуели како Јувентус против Галатасарај, Интер против Бодо/Глимт и Атлетико Мадрид против Бриж.






Двојките за 1/16 финалето се:

Монако – ПСЖ

Бенфика – Реал Мадрид

Карабах – Њукасл

Бодо/Глимт – Интер

Галатасарај – Јувентус

Борусија Дортмунд – Аталанта

Бриж – Атлетико Мадрид

Олимпијакос – Баер Леверкузен

Првите натпревари ќе се играат на 17 и 18 февруари, а реваншите на 24 и 25 февруари.

Тимовите кои директно обезбедија пласман во осминафиналето се: Арсенал, Баерн Минхен, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити, кои групната фаза ја завршија на првите осум позиции.

Се очекува возбудлива фаза со многу неизвесни натпревари и потенцијални сензации, а фановите веќе ги пресметуваат шансите за големите фаворити и изненадувањата што можат да се случат во Европа.

Поврзани содржини