РЕАКЦИЈАТА НА МЕЛАНИЈА НА НАВИВАЊЕТО НА ТРАМП Хит на социјалните мрежи! (ВИДЕО)

На корисниците на интернет најмногу внимание им привлече една сцена која ги потсетила на турбулентниот однос на Доналд и Меланија Трамп.

2,342

Снимката на која Меланија Трамп прави гримаса во текот на бејзбол натпреварот на Ворлс сервис, кој го гледала со сопругот Доналд Трамп, стана вирална на социјалните мрежи.

По долго време, заедно се појавиле во јавноста, а Меланија вообичаено изгледала прекрасно, облечена во беж мантил со копчиња поставени во два реда.






Меѓутоа, на корисниците на интернет најмногу внимание им привлече една сцена која ги потсетила на турбулентниот однос на Доналд и Меланија Трамп.

Поранешната прва дама некогаш знае да направи интересни реакции и мимики кога е во присуство на својот сопруг, па така и овојпат била „уловена“ во моментот кога на нејзиното лице бил забележителен интересен спектар на емоции.

Имено, снимката ја прикажува Меланија која ракоплеска и се смее заедно со сопругот додека стои покрај него, но неколку секунди подоцна се гледа како нагло ја врти главата, превртува со очите и прави мачен израз на лицето.

Веднаш почна лавина од коментари на социјалните мрежи:

„Кој уште мисли дека Меланија не може да го поднесе погледот на својот сопруг“, „Меланија го презира колку и сите други пристојни луѓе“, „Нејзиниот костим за „Ноќ на вештерките“ треба да виде маска од жена која го сака својот сопруг и не ѝ е преку глава од него. Тоа совршено би ѝ одговарало“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Runion (@jason_runion)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини