📽️ РЕАКЦИЈАТА НА МАЛАТА ОГЊЕНА СТАНА ВИРАЛНА Јокиќ дојде кај Дончиќ со ќерката, таа го украде вниманието

По натпреварот, Јокиќ ја зеде во раце и отиде кај својот „лут“ ривал но и пријател, Лука Дончиќ.

1,880

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ беа главните ѕвезди на подготвителниот натпревар Србија – Словенија (106:72) одигран во Белград пред Евробаскетот. Тимот на Јокиќ на крајот го совлада тимот на Дончиќ, но ќерката на Јокиќ им го украде шоуто на двајцата. Огњена ќе наполни 4 години во септември.

По натпреварот, Јокиќ ја зеде во раце и отиде кај својот „лут“ ривал но и пријател, Лука Дончиќ.






Балканските НБА ѕвезди се поздравија топло и се прегрнаа, но главната приказна од натпреварот беше потегот на малата ќерка на Јокиќ. Дончиќ ја крена раката за да ја поздрави, а таа одговори со „дај пет“.

Видеото од нивниот поздрав го објави Кошаркарскиот сојуз на Србија и веднаш стана вирално на социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FIBA EuroBasket (@eurobasket)

Поврзани содржини