Бијонсе е главна ѕвезда на овогодинешното доделување на музичките награди Греми.
На синоќешното доделување на Греми наградите Бијонсе испиша историја, а нејзината реакција кога го дозна тоа стана вистински хит на социјалните мрежи.
Имено, откако пејачката ја прифати наградата за најдобра рап песна со Меган, водителот Тревор Ноа сподели интересна информација:
„Сакам сите да знаат дека токму сега се случи нешто историско на Греми наградите. Со оваа награда Бијонсе го достигна рекордот на изведувачка со најмногу освоени Греми награди во историјата на сите изведувачи (машки и женски), со најмногу освоени Греми награди“, изјавил тој, а изразот на лицето на Бијонсе ја издал дека била изненадена од таа информација.
Видеото од нејзината реакција стана хит и вирално на социјалната мрежа Твитер.
Бијонсе до тој момент имаше вкупно 27 Греми награди во кариерата, а со тоа го достигна рекордот на кантри пејачката Алисон.
Меѓутоа, подоцна Бијонсе освои уште една Греми награда, па го собори споменатиот рекорд:
„Работам цел живот, откако имав девет години. Не можам да верувам дека ова се случи. Ова е толку магична вечер“, изјавила Бијонсе и ѝ се заблагодарила на двегодишната ќерка Блу Ајви со која што ја сподели една од своите награди.
👏 @Beyonce is now tied for an all-time record for the MOST #GRAMMYS at 27 trophies! 👏 pic.twitter.com/LBDhzbnlMv
— CBS This Morning (@CBSThisMorning) March 15, 2021
#Beyonce = 28 GRAMMY wins. #GRAMMYs pic.twitter.com/iwL6nf7z40
— Recording Academy / GRAMMYs (@RecordingAcad) March 15, 2021
ФОТО: CBS