Реакција од СФМ: Притисокот врз институциите нема да ги покрие сомнежите за финансиски криминал во минатото  

568

Скијачката федерација на Македонија  реагира на текст објавен денеска (04.06.2021 година), на Плусинфо со наслов „Правда да истражи зошто Централниот регистар не го впиша Пановски за претседател на Скијачката федерација“. 

Реакцијата ја пренесуваме во продолжение:






„Во изминативе неколку денови поединци изнесуваат невистини и клевети, со што се врши притисок врз релевантните институции кои постапуваат исклучиво согласно законите. 

Токму одлуките на институциите се потврда за неоснованите напади кои се пласираат во јавноста, со една единствена цел, дефокусирање на јавност од истрагата за финансиското работење на минатото раководство која е во тек.  

Имено Скијачката федерација на Македонија прими официјален допис од Државната комисија за спречување на корупцијата,  со кој се бара доставување на податоци и информации во врска со работење за времето на претходното раководство. Од тие причини, во тек е финансиска ревизија на работењето во изминатиов период. 

Истовремено по спроведен инспекциски надзор е изготвен Записник од страна на Агенцијата за млади и спорт во кој се утврдени неправилности во работењето на СФМ во минатиот период и врз основа на кој  е издадена мерка – опомена и прекршочен налог за Федерацијата. 

Ова не е првпат од нелегитимна група да се изнесуваат невистини во јавноста. СФМ веќе неколку пати реагираше во јавноста на изнесените невистинити тврдења со истата намера –  задскривање на сомнеж за незаконско работење на структури активни во Федерацијата пред изборот на новиото раководство на  Вонредното собрание одржано на 3 март оваа година. Цениме, дека токму овие активности се причина за пласман на невистинити информации за да се дефокусира јавноста од начинот на кој била водена СФМ во минатото. 

Потсетуваме дека како резултат на наталоженото незадоволство на клубовите во СФМ, особено поради нетранспарентното работење и негрижата за докажаните првенци на снежните спортови кои сомнително останаа без ваучери, искажано на Вонредното Собрание од 03. март 2021 година (не февруари, како што е наведено во објавата на која реагираме), СФМ избра ново раководство со Огњан Циговски како Претседател чија основна цел е СФМ конечно, по долги години, да почне да работи транспарентно и во согласност со закон, целите и визиите заради кои постои и така и ќе продолжи“, се вели во реакцијата. 

 

Поврзани содржини