РЕЏЕПИ ПОРАЧА ДЕКА Е ЖИВ И ЗДРАВ Билал Касами и другите да не се грижат за мене

Тој не открива од каде ја испраќа пораката, односно дали се наоѓа надвор од државава.

1,727

Кастриот Реџепи се обрати преку видео порака, порачувајќи дека е жив и здрав и дека никој не треба да се грижи за неговата безбедност.

– Стабилноста и безбедноста на државата, како и мирот и благосостојбата на нашиот народ мора да ни бидат најважни од се. Билал Касами и другите, да не се грижат за мене. Јас сум на сигурно, на вистинската страна, на страната на албанскиот народ и на страната на сите граѓани во Северна Македонија кои сакаат мир, стабилност и демократија. Јас сум со ЕУ и НАТО, а не со анти-албанците. Ви го зборувам ова со чиста совест, а штом ги одминам ризиците кои ми доаѓаат како закана од некои мои сопартијци, ќе одговарам и на сите прашања на медиумите. До тогаш, да живеат слободата и демократијата. Да живеат Албанците, Македонците и сите други граѓани на Северна Македонија – порача Реџепи.






Тој не открива од каде ја испраќа пораката, односно дали се наоѓа надвор од државава.

Поврзани содржини