РЕЏЕПИ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРАТЕНИК НА НОВОТО МНОЗИНСТВО Џафери најави дека утре ќе има повеќе детали
Не е исклучена можноста пратеникот од редовите на Беса, Кастриот Реџепи, да биде дел од актуелното мнозинство, но сепак тоа ќе биде негова лична одлука - изјави Џафери за емисијата „Клик плус“.
Собранискиот спикер, Талат Џафери, вечерва најави дека од утре ќе се знае како ќе изгледа новото парламентарно мнозинство.
– Не е исклучена можноста пратеникот од редовите на Беса, Кастриот Реџепи, да биде дел од актуелното мнозинство, но сепак тоа ќе биде негова лична одлука – изјави Џафери во емисијата „Клик плус“.
– После тоа буџетот се враќа на разгледување во Влада. На 1 декември повторно се разгледува на пленарна седница, а до 5 декември до 24 часот треба да се изгласа – појасни Џафери.