РЕЏЕПИ КОНТАКТИРА СО НАДВОРЕШНИОТ СВЕТ Закажа прес-конференција во понеделник

Во наредните денови ќе имате можност да дознаете подиректно за сè. Што се однесува до медиумите и големиот интерес што го разбирам, ги информирам дека моето прво појавување ќе биде во понеделник преку прес-конференција, додаде Реџепи.

1,191

Почитувани пријатели и членови на семејството, без оглед на вашите политички убедувања, ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате, напиша на својот фејсбук профил, пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.

– Во наредните денови ќе имате можност да дознаете подиректно за сè. Што се однесува до медиумите и големиот интерес што го разбирам, ги информирам дека моето прво појавување ќе биде во понеделник преку прес-конференција – додаде Реџепи.






Тој апелира до раководството на движењето Беса да не презема избрзани чекори кои би им наштетиле на партиските структури и активистите.

– Емоциите треба да се остават настрана, а постапките да се прават разумно – заклучи Реџепи.

Поврзани содржини