РАЗВИВМЕ ОРУЖЈЕ СО ДОСТРЕЛ ОД 700 КИЛОМЕТРИ Зеленски се пофали, дали мислеше на нападот врз четирите руски авиони?

Дали новото оружје кое го спомна Зеленски е поврзано со овој напад со дронови врз четирите руски авиоини? Потврда за вакво нешто нема. Градот Псков се наоѓа на повеќе од 800 километри северно од Киев, односно на 700 километри од границата на Русија со Украина.

1,301

Новото оружје со долг дострел од украинско производство успешно стигна до целта оддалечена 700 километри, рече претседателот Володимир Зеленски на 31 август. Тој не сподели каде и кога е извршен нападот, ниту какво оружје е употребено, пренесува КиевИндепендент.

Информациите беа разговарани за време на средбата на Зеленски со највисоките воени и други претставници. Ден претходно, Русија објави масовен бран напади со беспилотни летала врз нејзините западни региони. Во нападот, најголем од својот тип на руска територија во војната, беа уништени четири воени транспортни авиони стационирани во Псков, соопшти украинската војска.






Дали новото оружје кое го спомна Зеленски е поврзано со овој напад? Потврда за вакво нешто нема. Псков се наоѓа на повеќе од 800 километри северно од Киев, односно на 700 километри од границата на Русија со Украина.

Минатата недела Украина сподели детали за тоа како самата се вооружува и произведува поморски дронови. Земјата сега може масовно да ги произведува овие беспилотни летала, изјави на 24 август шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов.

Иако тој не кажа колку поморски беспилотни летала распореди или има на располагање Украина, Украина не прави „еден или два во гаражи“, рече тој.

– Во тек е масовно производство – тврди Буданов.

Од почетокот на војната Украина со месеци бараше од западните сојузници противракетни системи со долг дострел, а наместо тоа добиваше системи ХИМАРС со дострел од 80 километри, односно Патриот со опсег до 90 километри, поради тоа што постоеше страв дека ако добие оружје со поголем дострел, Украина може да го искористи оружјето за напад на цели длабоко во руската територија.

УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАПАДНАЛЕ ШЕСТ РУСКИ РЕГИОНИ Најголем координиран напад врз руска територија досега

 

 

Поврзани содржини