РАЗВЕДЕН ПАР ЗАПОЧНА БИТКА ЗА СТАРАТЕЛСТВО НАД КУЧЕТО Судот со многу тешкотии одлучи кој ќе го чува миленикот!

Инаку, Шпанија во моментов подготвува нацрт на нов закон според кој животните повеќе нема да се сметаат за предмети, туку законски ќе бидат признаени како живи суштества.

810

Парот побарал од судот да одреди со кого треба да продолжи да живее нивниот миленик, кучето Панда. Доказите што ги обезбедија двете страни вклучуваа договор за посвојување, фактури од ветеринарната ординација и фотографии од двајцата со кучето.

На крајот, судот во Мадрид смета дека двете страни се подеднакво одговорни и дека треба да продолжат заедно да се грижат за нивното куче Панда, така што кучето сега ќе помине еден месец со едниот старател, а потоа еден месец со другиот старател. Судот оцени дека доказите во постапката откриваат блиски односи меѓу двете страни и кучето кое е достојно за законско старателство.






Инаку, Шпанија во моментов подготвува нацрт на нов закон според кој животните повеќе нема да се сметаат за предмети, туку законски ќе бидат признаени како живи суштества. Овој статус ќе го олесни судскиот спор кога еден од партнерите ќе побара заедничко старателство над миленикот по разводот.

Законите во светот

Во Велика Британија легално кучињата се сметаат за неживи суштества, односно предмети како автомобили, куќи или други лични предмети.

Случаите за старателство се сведуваат на одредување кој е единствениот сопственик. Во Австралија не постои закон за тоа какви одлуки треба да донесат судовите по разделба или развод на партнерите кога станува збор за домашните миленици.

Французите го променија својот закон во 2014 година, па миленичињата се сметаат за живи и чувствителни суштества, а не за движни добра. Новиот статус за француските миленичиња значи дека паровите кои се разведуваат имаат право да се борат за заедничко старателство.

Поврзани содржини