РАЗУЗНАВАЧИТЕ НЕ ГО ОТКРИЈА ИЗВОРОТ НА КОРОНАТА Сите траги запираат во Кина

Повикувајќи се на двајца неименувани американски извори, весникот „Волстрит џурнал“ соопштува дека непостоење на конкретен заклучок делумно е поврзно со недоволно детални информации од Кина. 

519

Новиот извештај на американските разузнавачи за потеклото на ковид-19 синоќа беше поднесен во Белата куќа и документот не содржи еднозначна потврда за потеклото на вирусот, било да е тоа по природен пат со премин на заразата од животни или дека се појавил по случаен пробив од лабораторија. 

Повикувајќи се на двајца неименувани американски извори, весникот „Волстрит џурнал“ соопштува дека непостоење на конкретен заклучок делумно е поврзно со недоволно детални информации од Кина. 






Претседателот Џо Бајден пред 90 дена побара од разузнавачите да изготват извештај за потеклото на коронавирусот. Поднесениот документ ги подвлекува бирократските тешкотии и пропусти со кои се судри администрацијата при обидите да добие повеќе информации од Кина што би можеле да дадат појасна слика за потеклото на глобалната пандемија, истакнува весникот. 

Авторите на извештајот се повикуваат на тешкотиите да се добијат детални информации од Кина. 

– Ова беше педантно изведено истражување, но тоа може да биде толку педантно колку што дозволува ситуацијата. Ако Кина не дозволи пристап до одреден сет на податици, тогаш вие нема да можете ништо вистински да дознаете – изјави еден од службениците. 

Поврзани содржини