РАЗРЕШЕНИ ДИРЕКТОРИТЕ НА РЕК БИТОЛА И РЕК ОСЛОМЕЈ Новиот в.д. директор Матевски во слободно време е хармоникаш
Од ЕСМ не образложија кои се причините за разрешување на директорите на двете најголеми енергетски компании во земјава.
Управниот одбор на АД ЕСМ ги разреши директорите на РЕК Битола и на РЕК Осломеј, информира денеска ЕСМ.
Компанијата сооопшти дека е разрешен директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски, а на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана. Во слободно време Матевски е хармоникаш во своја група во Битола. Настапувал со групата „Бон-тон“, бил дел од „Три бенд“, а свирел во ресторани и на свадби.
Во РЕК Осломеј разрешен е директорот Златко Пиперкоски и на негово место за в.д. директор е назначен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.
Во следните денови, додаваат од ЕЦМ, ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза.
Од ЕСМ не образложија кои се причините за разрешување на директорите на двете најголеми енергетски компании во земјава.
Земјава е во сериозна енергетска криза поради намалено производство на електрична енергија. Во последните месеци се регистрирани и чести исклучувања поради дефекти на капацитетите, а исто така е намалено и производството на јаглем за термоелектраните.