Разрешена директорката на Охридската болница поради смртта на 66-годишната стружанка

Во Охрид ќе биде поставен нов директор, а денеска на увид се инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

719

Утре ќе биде разрешена директорката на Инфективната болница во Охрид поради случајот со смртта на 66-гошината стружанка која почина од висрусот ковид-19, откако не беше хоспитализирана на инфективното одделение во Охрид, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

– Во Охрид ќе биде поставен нов директор, а денеска на увид се инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на улогата и одговорноста на сите други вклучени во овој случај и согласно информациите ќе се одлучува и понатаму согласно одговорноста на сите вклучени – рече Филипче.






Тој додаде дека за овој случај била подигната постапка од страна на ОЈО и апелираше институциите да ја спроведат постапката.

Поврзани содржини