Лидија Димова е разрешена од директорската позиција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Ова е одлука на Управниот одбор на Агенцијата, откако јавното обвинителство против неа и против уште неколку лица отвори истрага по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за злоупотреба на средства во висина од 400 илјади евра европски пари.