РАЗРЕШЕН Е СУДИЈАТА ЕНВЕР БЕЏЕТИ Лани беше ставен на црната листа на Стејт департментот

Стејт департментот на САД во декември 2024 година донесе одлука на црната листа да ги стави поранешниот вицепремиер на Македонија, Артан Груби, неговото семејство и судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд, поради нивно учество во значителна корупција.

1,153

Судскиот совет вчера го разрешил апелациониот судија Енвер Беџети, кој од декември лани е на црната листа на американскиот Стејт департментот.

Како што пишуваат медиумите, Беџети од март годинава не доаѓал да даде исказ пред комисијата по повод отворената постапка за разрешување и поставањето на црната листа, кажувајќи дека е болен.






Стејт департментот на САД во декември 2024 година донесе одлука на црната листа да ги стави поранешниот вицепремиер на Македонија, Артан Груби, неговото семејство и судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд, поради нивно учество во значителна корупција.

Според Стејт департментот, тие примиле мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

За Беџети се води и предистражна постапка во Основното јавно обвинителство.

За разрешување на судијата Беџети вчера гласале девет членови на Судскиот совет.

Поврзани содржини