РАЗРЕШЕН ДИРЕКТОРОТ НА КАРДИОХИРУГИЈА Експерти земале по 700 евра дневница
Во Македонија се доделуваат средства од 2011 година, со програмата за превенција од кардиоваскуларни болести се плаќаат дневници од по 700 евра по експерт. Побарав извештај од вработената Александра Ефтимова која ја води програмата, не добив извештај, па ја разрешив. Не добив одговор кои се тие наводни експерти кои доаѓаат од Дедиње, наводно. Зошто тогаш има таква смртност? Се надевам дека ќе дојдам до тој извештај, рече Демири.
Министерот за здравство Илир Демири го разреши од функцијата медицински директор на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски.
– Ако одлучам, на Кардиохирургија ќе побарам светски експерти од Швајцарија, Германија и од Италија, не Шокаровски. Треба нова комисија, да се анализираат комплетно приориритетните случаи на Мој Термин. Затоа денеска решив да го суспендирам, да го прекратам вршењето на функцијата медицинскиот директор д-р Марјан Шокаровски. Тоа е една причина. Другата причина се крајно нарушените меѓучовечки односи, што е недозволиво. Бидејќи сум во заминување сакав ова да го спроведе некој иден министер. Таму за директор треба да се назначи некој однадвор – рече денеска на прес конференција министерот за здравство во техничката влада Илир Демири.
Тој рече дека по информациите за зголемена смртност на оваа Клиника, формирана е комисија и во извештајот што го добил во петокот немало некои позначајни остапувања, но денес добил податок дека 170 пациенти не се регуларно внесени во „Мој термин“.
– До мене стигнаа наоди дека е зголемена смртноста на Клиниката. Формирав Комисија и извештајот го добив во петокот и немаше никакви значајни отскокнувања. Но, денеска добив друг податок, дека за 170 пациенти не се поднесени информации во „Мој термин“ во однос на отпусни писма и умреници, така што претпоставувам дека таа бројка на смртност може да се промени – рече Демири.
Демири тврди и дека треба да се испита какви експерти се носат на клиниката од странство, велејќи:
– Да биде трагедијата уште поголема, ќе споделам друг факт. Во Македонија се доделуваат средства од 2011 година, со програмата за превенција од кардиоваскуларни болести се плаќаат дневници од по 700 евра по експерт. Побарав извештај од вработената Александра Ефтимова која ја води програмата, не добив извештај, па ја разрешив. Не добив одговор кои се тие наводни експерти кои доаѓаат од Дедиње, наводно. Зошто тогаш има таква смртност? Се надевам дека ќе дојдам до тој извештај.