🎥📷РАЗОРНА ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Погледнете какво уништување предизвикува војната на САД и Израел со Иран

САД и Израел од утрово почнаа да гаѓаат цели во на територијата на Иран, а Исламската Република возврати со ракетирање на американските воени бази во Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и во други земји во регионот.

2,130

Бројни видеа се споделуваат денеска од жестоката ескалација на Блискиот Исток. САД и Израел од утрово почнаа да гаѓаат цели во на територијата на Иран, а Исламската Република возврати со ракетирање на американските воени бази во Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и во други земји во регионот.

Во Бахреин со ракети е погоден Центарот на Петтата флота на американската морнарица. Оваа американска база во Бахреин е најголемата поморска база во Персискиот Залив. Таа обезбедува логистичка поддршка за бродови, снабдување, поправка на бродови и игра централна улога во американските воени операции во регионот.






Иранските медиуми објавија дека има загинати амеррикански војници, САД демантираа.

По нападот врз базата во Бахреин изби голем пожар.

Фото: Принтскрин

 

Голем пожар има и во Доха, Катар, по ракетирањето  на тамошната американска воена база.

 

Фото: Принтскрин

 

Иранската државна телевизија објави снимки од последиците од утринските американско-израелски напади врз Техеран. Снимките покажуваат материјална штета предизвикана во иранската престолнина по воената операција, а се гледа и кратер од кој се издига чад.

Поврзани содржини