📽️ РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ЈАПОНИЈА Илјадници луѓе без струја, првите снимки се шират на интернет

Официјално е издадено предупредување за цунами за регионите Хокаидо, Аомори и Ивате, со можни бранови до три метра висина.

1

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јапонското крајбрежје, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Официјално е издадено предупредување за цунами за регионите Хокаидо, Аомори и Ивате, со можни бранови до три метра висина.

 






Потресот се случи на околу 84 километри од градот Хачинохе, во североисточниот регион на Хокаидо. По првиот земјотрес, следуваа уште два потреси – 15 минути подоцна се регистрира земјотрес со јачина од 5,6 степени, а десетина минути подоцна еден со јачина од 3,6 степени.

 

Епицентарот на првиот потрес бил на длабочина од 50 километри, а вториот земјотрес на иста локација на длабочина од 40 километри.

 

 

 

Поврзани содржини