РАЗОЧАРУВАЧКИ Е ПАРТИЈА ВОДЕНА ОД УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР ДА КОРИСТИ НЕПРИМЕРЕН ЈАВЕН ДИСКУРС Став на Муцунски за соопштенијата и за јавните настапи на СДСМ
Муцунски нагласи дека критиката е легитимен дел од демократскиот процес, но дека постои јасна разлика помеѓу аргументирана критика и непримерен јавен дискурс.
Разочарувачки е партија предводена од универзитетски професор да користи таков наратив и терминологија, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во одговор на новинарски прашања поврзани со соопштенијата и јавните настапи на опозицискиот СДСМ.
– Во последниот период, детално ги следам соопштенијата што доаѓаат од главната опозициска партија, бидејќи тоа е дел од мојата работа. Искрено, како човек, чувствувам срам кога читам дел од тие содржини – истакна министерот Муцунски при денешната посета на организацијата „Македонија 2025“.
Тој нагласи дека критиката е легитимен дел од демократскиот процес, но дека постои јасна разлика помеѓу аргументирана критика и непримерен јавен дискурс.
– Едно е да имате критика и да укажете како нешто може да се направи подобро, а сосема друго е да се користи наратив кој е неприфатлив за една сериозна политичка партија. Особено е разочарувачки тоа да доаѓа од опозициска партија предводена од универзитетски професор – додаде Муцунски.