Разочараниот Јувентус го продава Роналдо за смешни пари
Според италијанските медиуми, актуелниот италијански шампион би се согласил на трансфер од најмалку 60 милиони евра, сума која е речиси ништо за ПСЖ, кој веднаш би ја искеширал за да го види Роналдо во своите редови.
Португалецот Кристијано Роналдо не е повеќе неприкосновен во тимот на италијанскиот шампион Јувентос, а тоа се должи на смената на кормилото, односно по доаѓањето на Андреа Пирло на тренерската поиција.
Како што објавија италијанските медиуми, тимот од Торино сега би прифатил и смешна сума само за да се ослободи од Роналдо. Продажбата на Португалецот стана актуелна откако Јувентус беше елиминиран во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а и неговиот личен менаџер од тој момент почнал да контактира со останатите европски клубови за евентуална преселба на португалскиот ас.