РАЗОЧАРАНА ОД РЕЗУЛТАТОТ Студентка си го одзела животот откако по грешка добила мејл дека паднала на испит

Ни останаа само спомените во фотоалбумите, како и сеќавањата на нашето девојче. Родителите никогаш не треба да се соочат со посета на гробот на своето дете пред и по одење на работа - изјавија Јона и Глингн Фолкс.

1,690

Студентката Маред Фолкс си го одзеде животот откако по грешка и кажале дека не го положила испитот и дека нема да може да се запише во трета година по фармација на Универзитетот во Кардиф, Велс.

Истражителот Кејти Сатерленд рече дека начинот на кој Универзитетот ги информира своите студенти за резултатите од испитот е збунувачки. Таа од нив побара итни промени и поголема поддршка од професорите.






Родителите се во шок. Никогаш не помислиле дека толку рано ќе ја изгубат својата сакана ќерка, пренесува Би-Би-Си.

– Ни останаа само спомените во фотоалбумите, како и сеќавањата на нашето девојче. Родителите никогаш не треба да се соочат со посета на гробот на своето дете пред и по одење на работа – изјавија Јона и Глингн Фолкс.

Тие изјавија дека се обидуваат да се навикнат дека ја нема повеќе, но дека тоа е невозможно.

Деканот на универзитетот изјави дека ќе работи на начинот на кој ќе ги информираат студентите за резултатите, за да не се повтори вакво нешто.

Поради пандемијата, таа ја изгубила својата баба, само два месеци пред трагичниот настан, а нејзината мајка се сетила дека Маред всушност не кажала ништо на 8 јули, кога ги добила резултатите.

– Дури подоцна најдовме порака во нејзиниот телефон што ја испратила на пријателка, дека паднала на тестот. Таа вечер рече дека оди во продавница и не праша дали ни треба нешто, пред да ги земе клучевите од автомобилот и да си замине – рекла скршената мајка.

Таа е убедена дека самоубиството на нејзината ќерка е вина на Универзитетот. Тие и ги скршиле сите соништа, по грешка. Тоа би било страшно за секого, особено за 21-годишник.

Професорот Марк Гамблтон, декан на Универзитетот, изјави дека го полагала тестот на 26 март и дека паднала. Поправниот тест го полагала на 24 април, но резултатите на е-пошта ги добила само од првиот тест.

Според него, тоа е стандардна практика, но ќе работат на подобрување на системот и многу им е жал за трагичната смрт на една млада девојка.

– Целта е да се избегне забуна. Се надевам дека наскоро ќе имаме решение за овој проблем – додаде тој.

Поврзани содржини