РАЗМОНТИРАНА КАТЕРИНА ВЕЛИКА ВО ОДЕСА Граѓаните потпишале петиција, царицата се сели во музеј (ВИДЕО)

На местото на денешна Одеса уште од античко време постоел град.

918

Властите на Одеса синоќа го демонтираа споменикот на руската царица Катерина Велика, основачот на градот. Отстранувањето го побарале граѓаните со сопствена петиција.

Споменикот ќе биде предаден на чување во Националниот музеј на Одеса, а градоначалникот на овој град најави дека ќе се изгради парк на царското и на советското наследство во кој свое место ќе најде и овој споменик.

 






 

На местото на денешна Одеса уште од античко време постоел град.

Оваа територија била освоена од Руската империја за време на освојувањата на Катерина Велика, кога територијата на Руската империја била проширена за да ја вклучи денешна Украина со Крим, Белорусија, Северен Кавказ и Литванија.

Поврзани содржини