📽 РАЗМЕРИТЕ НА ПЕКОЛОТ НА ХАВАИ СЕ ЗАСТРАШУВАЧКИ! Под згариштата се затрупани уште стотици изгорени тела

Спасувачките екипи очекуваат да наоѓаат остатоци на 10 до 20 луѓе дневно под згариштата, а претрагата ќе трае најмалку десет дена, велат официјални лица.

389

Најмалку 99 лица загинаа во пожарите на Хаваите, изјави гувернерот Џош Грин, додавајќи дека бројот на жртви може да биде значително поголем. Овие пожари се најсмртоносните во САД во последните 100 години, објави „Гардијан“.

Стотици луѓе сè уште се водат како исчезнати додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарите и спасувачките екипи пребаруваат низ остатоците од историскиот град Лахаина. Грин рече дека обемот на штетата од пожарот е „неверојатен“.






Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот со 13.000 жители. Со повеќе од 2.700 оштетени или уништени објекти и изгорени повеќе од 2.100 хектари земја, Федералната агенција за управување со вонредни состојби ги процени трошоците за обнова на Лахаина на 5,5 милијарди долари. На жителите на Лахаина им е дозволено да се вратат во градот.

Грин изјави за Си-Би-Ес Њуз дека официјалните лица очекуваат да наоѓаат остатоци на 10 до 20 луѓе дневно под згариштаата, а претрагата ќе трае најмалку десет дена.

– Како што услугата за мобилни телефони полека се обновува, бројот на исчезнати се намали на околу 1.300 од повеќе од 2.000 – рече Грин.

Причината за пожарот сè уште не е откриена, а истрагата е во тек. Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој е роден на Хаваи, во неделата се појави во видео во кое ги промовира напорите за собирање средства за обнова по пожарите.

Администрацијата на Џо Бајден бара уште 12 милијарди долари од владиниот фонд за помош при катастрофи како дел од нејзиното дополнително барање за финансирање до Конгресот.

Поврзани содржини