РАЗМЕНИЈА ЗАРОБЕНИЦИ КАКО ШТО СЕ ДОГОВОРИЈА ВО ИСТАНБУЛ Москва и Киев ја извршија најголемата рокада досега во војната

Голема размена на заробеници штотуку е завршена меѓу Русија и Украина. Честитки до двете страни за оваа преговарачка победа. Ова би можело да доведе до нешто големо, напиша Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social.

339

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп денеска, 23 мај, објави дека голема размена на воени заробеници меѓу Русија и Украина е успешно завршена.

„Голема размена на заробеници штотуку е завршена меѓу Русија и Украина. Честитки до двете страни за оваа преговарачка победа. Ова би можело да доведе до нешто големо“,  напиша Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social.






Украина претходно ѝ достави на Русија список од 1.000 воени заробеници, како дел од подготовките за најавената размена, изјави вчера претставник на украинската воена разузнавачка служба.

Договорот за спроведување на размената беше постигнат претходно овој месец во Истанбул, за време на првите директни разговори меѓу Русија и Украина по повеќе од три години.

Поврзани содржини