РАЗМЕНАТА НА МИСЛЕЊА И ИДЕИ СО ЛУЃЕТО ШТО ЈА ГРАДЕЛЕ ПАРТИЈАТА Е ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА ИДНИТЕ ЧЕКОРИ Ковачки им додели плакети на поранешните генерални секретари на ВМРО-ДПМНЕ

Во време кога предизвиците се сериозни, ваквите средби се потсетник дека силата на една организација лежи во нејзините луѓе, вредности и историја, вели Ковачки.

136

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки  им додели плакети за благодарност на неговите претходници.

„Им доделив плакети за благодарност на поранешните генерални секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски, Војо Михајловски, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Емил Димитриев и Ѓорѓија Сајкоски како признание за нивниот значаен придонес и долгогодишен ангажман. Остануваме обединети, заедно со искуството и енергијата што ја носиме“, напиша тој во објавата на Фејсбук.






Тој додава дека средбата претставува значаен момент на заедништво, искуство и континуитет. Во време кога предизвиците се сериозни, ваквите средби се потсетник дека силата на една организација лежи во нејзините луѓе, вредности и историја.

„Размената на мислења, идеи и искуства меѓу луѓето кои ја граделе партијата низ годините е од непроценливо значење за идните чекори. Единството и посветеноста кон заедничката цел остануваат приоритет. На оваа средба беше изразена јасна и недвосмислена поддршка за претседателот Христијан Мицкоски, како креатор и двигател на сегашните и идните политики и развој на татковината Македонија. Со мудроста од минатото и енергијата за иднината, продолжуваме напред. За Македонија, За ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Ковачки.

Поврзани содржини